Триумф над Победа во Битола
Работнички ја оствари втората последователна победа во новиот шампионат, совладувајќи го тимот на Победа со 0-2 во Битола. Нашиот тим беше подобар противник на дуелот под „Тумбе кафе“ и стигна до водство уште во петтата минута.
Тимовски играше со рака во шеснаесетникот на Победа, беше досуден пенал, а ефикасен од белата точка беше Остоја Стјепановиќ.
Победа се обиде да возврати преку Мустафов од далечина, но Јанков беше на висина на задачата, а Петар Петковски беше за малку непрецизен во наредниот напад.
На одмор се замина со минимално водство за Работнички. Во вториот дел, успеа една брза акција во 60.минута, Петар Петковски излезе сам пред голманот Тофилоски и рутински го совлада, зголемувајќи на 0-2.
До крајот, Чиназорм во финишот имаше шанса за прилепскиот тим, но одбраната на Работнички успеа да расчисти опасноста, а топката заврши во рацете на голманот Ристо Јанков.
По три одиграни кола, Работнички се наоѓа на третата позиција на табелата во Првата лига со шест освоени бода.
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-2 (0-1)
Стадион под „Тумбе кафе“. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Стрелци: Стјепановиќ пен. 5’, П. Петковски 60’ (Работнички). Ж. картони: Каланоски, Чиназорм, Мустафов (Победа), Стевановиќ (Работнички).
ПОБЕДА: Тофилоски, Тимовски, Јаќимовиќ, Драгарски, Исаески, Мустафов, Маркоски, М. Наумоски (63’ Ацески), Ј. Наумоски (63’ Каланоски), Танушев (77’ Спиркоски), Чиназорм.
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Стевиќ, Митрев, Кордоба, Херера, Пеев, Стјепановиќ, Бопесу, Стевановиќ, П. Петковски (83’ Станковски), Недељковиќ (72’ Гофри).