Владимир Димитровски, ново засилување на Работнички
Повремениот македонски фудбалски репрезентативец Владимир Димитровски е ново засилување за Работнички. Тој денеска потпиша шестмесечен договор со клубот и ќе ја засили конкуренцијата во одбранбената линија. Во изминатите две години, Димитровски беше интернационалец во Грција, каде што настапуваше за Керкира и за Докса Драма, а во сезоната 2012/13 беше дел од Работнички.
Во Македонија, Владимир Димитровски во минатото има настапувано и за Вардар, Металург и за Цементарница, а интернационална кариера градеше во Белгија, Хрватска, Чешка и во Азербејџан. Со неговиот квалитет и искуството што го поседува, сигурно ќе претставува големо засилување за составот на Ѓоре Јовановски.