Против Академија Пандев в сабота под рефлектори, ќе суди Јосип Бартон
Работнички во рамките на четвртото коло од Првата фудбалска лига ќе игра против Академија Пандев. Мечот е закажан за в сабота (1.септември), со почеток во 20 часот. И овој натпревар на домашен терен, нашиот тим ќе го игра под рефлектори.
Главен судија на натпреварот ќе биде Јосип Бартон (Тетово), а ќе му помагаат Емурли Иса (с. Шемшово) и Хабиљ Љиворека (Тетово). Четврти судија ќе биде Фатон Мустафи (Тетово).
За делегат на натпреварот е одреден Борче Мирчески (Тетово), а контролор на судењето ќе биде Марјан Ристески (Кичево).