Младите фудбалери на Работнички го освоија првото место на „Пирин куп“ во Банско
Работнички со гордост ги истакнува успесите на својата младинска фудбалска академија. Најновиот успех го остварија младите фудбалери родени 2009 година, кои под раководство на тренерот Драги Стојановски, го освоија првото место на меѓународниот турнир „Пирин куп“ во Банско.
Работнички по освоеното прво место во групата, во четвртфиналето го совлада тимот на Хебар Пазарџик со 2-0. Потоа во полуфиналето младите „романтичари“ беа подобри од ФК Лидер Пловдив со 1-0, а во финалето го победија и Вардар со 1-0.