Благоја Тодоровски на позајмица во Работнички
Работнички доведе уште едно засилување. Благоја Тодоровски, како позајмен играч од Шкендија, ќе настапува во дресот на Работнички во првиот дел од сезоната.
Тој беше дел од нашиот клуб од 2011 до 2015 година, а потоа се пресели во редовите на Шкендија. Со согласност на двата клуба, фудбалерот повторно ќе заигра за Работнички.