Дејан Јакимовски ќе го суди мечот Шкендија – Работнички
Работнички во петтото коло од Првата фудбалска лига ќе гостува во Тетово. В недела, со почеток во 15.30 часот, ќе се одигра мечот меѓу Шкендија и Работнички, а за главен судија е одреден Дејан Јакимовски од Скопје. Ќе му асистираат Никола Божиновски и Дејан Димитриевиќ, а четврти судија ќе биде Ивана Пројковска (сите од Скопје).
Делегат на натпреварот ќе биде Ветон Кранлиевски (Ресен), а контролор на судењето е Ѓорѓе Гоцевски (Струмица).