Пораз (6-2) од Шкендија во Тетово
Работнички доживеа пораз од 6-2 на гостувањето кај актуелниот првак Шкендија. Иако нашиот тим поведе во 11.минута со голот на Петар Петковски, сепак, Шкендија возврати до крајот на првиот дел.
Три минути невнимание во финишот на првото полувреме беа доволнои за Шкендија да постигне три гола. Мици во 37.минута успеа да израмни, веќе во следната минута Бесарт Ибраими донесе водство, а Бесмир Бојку во 40.минута зголеми на 3-1.
Херера во 55.минута постигна автогол, а Остоја Стјепановиќ во 69.минута со убав погодок намали на 4-2. Но, до крајот следеа уште два гола на Бесарт Ибраими за конечни 6-2 на овој меч.
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 6-2 (3-1)
Стадион во Тетово. Судија: Дејан Јакимовски (Скопје). Стрелци: Мици 37’, Ибраими 38’, 75’, 82’, Бојку 40’, Херера а.г. 55’ (Шкендија), Петковски 11’, Стјепановиќ 69’ (Работнички). Црвен картон: Пеев (Работнички). Ж. Картони: Алими, Адили (Шкендија), Пеев, Димитровски, Петковски (Работнички).
ШКЕНДИЈА: Захов, Бејтулаи, Муслиу, Адили, Мици, Алими (82’ Таипи), Бојку, Тотре, Имери (75’ Нафиу), Ибраими, Емини (64’ Зејнулаи).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Фазлиу (61’ Гофри), Митрев, Борха, Димитровски (57’ Стевиќ), Херера, Стјепановиќ, Пеев, Бопесу (46’ Станковски), Недељковиќ, П. Петковски.