Пораз (0-2) од Вардар во градскиот дуел
Работнички го загуби со 0-2 натпреварот против Вардар, во рамките на шестото коло во Првата фудбалска лига. Тигран Барсегјан во 29.минута и Владица Брдаровски во 63.минута беа стрелци на головите за Вардар на дуелот што вечерва се одигра на арената „Филип Втори“. Тоа е втор последователен пораз за нашиот тим, кој во пресрет на преостанатите мечеви од колото останува на четвртата позииција со девет освоени бода.
Работнички подобро го почн натпреварот. Во петтата минута, Благоја Тодоровски шутираше од далечина, но не беше доволно прецизен. Потоа се закани Игор Недељковиќ, но од 14 метри исто така шутираше крај голот на Гачевски.
Две минути подоцна Недељковиќ со волеј удар шутираше над голот.
Вардар поведе во 29.минута, Тигран Барсегјан со прецизен шут од 18 метри успеа да го совлада Даниел Божиновски.
Во 63.минута, Владица Брдаровски зголеми на 0-2. Тој шутираше откосо од десната страна ја затресе мрежата на Работнички.
Пред самиот крај, Филип Петковски имаше убава можност, но не ја искористи, а Вардар стигна до триумф.
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2 (0-1)
Национална арена „Филип Втори“. Гледачи: 300. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Стрелци: Барсегјан 29’, Брдаровски 63’ (Вардар). Ж. картони: Манев, Новак, Попзлатанов (Вардар).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Стевиќ (75’ Ф. Петковски), Стоименовски, Борха, Херера, Стјепановиќ, Пеев, Тодоровски, Шаркоски (46’ Бопесу), Недељковиќ (61’ Фазлиу), П. Петковски.
ВАРДАР: Гачевски, Тодороски, Новак, Брдаровски, Манев, Битанг, Најдовски, Мицевски, Јуфо (75’ Попзлатанов), Барсегјан (88’ Тошевски), Максимов (59’ Лира).