Ѓоре Јовановски: Мора да учиме од сопствените грешки
Работнички го загуби градскиот дуел против Вардар со 0-2, а тренерот Ѓоре Јовановски причините ги бара во сопствените редови. Сепак, анализата покажува и дека нашиот тим е оштетен поради неколку судиски грешки, а Вардар не може да се победи со 30 минути добра игра.
„Причините за поразот секогаш ги барам во сопствените редови. Одигравме квалитетно само во првите 30 минути, а тоа не е доволно за да се победи Вардар. На почетокот создадовме шанси кои требаше да ги реализираме, тогаш ќе ја имавме предноста на наша страна. Но, не успеавме, а потоа дојде погодокот на Барсегјан. Мора да учиме од сопствените грешки. Работнички мора да игра на резултат, но и да промовира млади фудбалери од сопствениот погон. Не го коментирам судењето веднаш по мечот, но по видео – анализата можам да кажам дека сме оштетени за еден пенал, а противникот постигна гол од офсајд позиција. Сепак, Вардар е веќе минато за нас, фокусирани сме на следниот натпревар против Македонија ЃП, кој се игра в среда“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.