Игор Стојчевски ќе го суди мечот Македонија ЃП – Работнички
Работнички, во рамките на седмото коло од Првата фудбалска лига, утре (15.30 часот) ќе гостува во Ѓорче Петров и ќе ги одмери силите со Македонија ЃП. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Бранко Путилин. Четврти судија ќе биде Дарко Стојчевски.
За делегат на натпреварот е одреден Иванчо Захариев од Кочани, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.