Работнички ремизираше (1-1) против Беласица
Работнички ремизираше 1-1 против Беласица на арената „Филип Втори“, во рамките на осмото коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Со ова тимот на Ѓоре Јовановски стави крај на серијата од три порази.
Недељковиќ прв се закани кон голот на гостите, но неговиот удар со левата нога заврши крај голот на Вујанац. На спротивната страна, се обиде Филип Ивановски, но без ефект.
Работнички поведе во 27.минута. Себастијан Херера начека топка на 30 метри, упати силен удар и успеа да ја затресе противничката мрежа.
Но, десет минути подоцна, Беласица успеа да израмни. Милушев нафрли од левата страна, Филип Ивановски добро реагираше во петерецот и погоди зад грбот на Јанков.
Во второто полувреме, Работнички тргна уште поофанзивно, но не создаде колосална можност за повторно да дојде во водство. На крајот, двете екипи поделија по еден бод.
РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 1-1 (1-1)
Арена „Филип Втори“. Гледачи: 300. Судија: Марјан Стојановски (Кичево). Стрелци: Херера 27’ (Работнички), Ивановски 37’ (Беласица). Ж. картони: Тодоровски, Гофри, Најдовски (Работнички).
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Шаркоски (46’ Бопесу), Херера, Димитровски, Најдовски, Стјепановиќ, Пеев, Тодоровски, Гофри, П. Петковски, Недељковиќ (67’ Ф. Петковски).
ПОБЕДА: Вујанац, Калпачки (49’ Петров), Сулев, Дробаров, Милушев, Митевски, Стојков, Вујчиќ (59’ В. Серафимовски), Ј. Серафимовски, Вусљанин (86’ Горгиев), Ивановски.