Работнички преку Тиквеш во четвртфиналето на Купот
Работнички се пласира во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија елиминирајќи го второлигашот Тиквеш. Тимот на Ѓоре Јовановски одигра 1-1 на денешниот реванш натпревар на комплексот на ФФМ, но имаше и минимална предност (0-1) од првиот дуел во Кавадарци.
Разврската се случи во финишот од средбата. Љавдрим Фазлију во 83.минута донесе водство за Работнички, а израмни Александар Мишов само две минути подоцна. Сепак, и овој резултат беше доволен за Работнички да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во Купот на Македонија.
Покрај Работнички, пласман во четвртфиналето обезбедија и екипите на Шкендија, Македонија ЃП, Беласица, Академија Пандев, Силекс, Победа и Кораб, кој беше слободен. Следниот противник ќе биде познат по ждребот в петок.