Зоранчо Темелков ќе го суди мечот Силекс – Работнички
Работнички во рамките на 11.коло од Првата фудбалска лига, в недела, со почеток во 13.30 часот, ќе му гостува на Силекс во Кратово. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Зоранчо Темелков од Кавадарци ќе биде главен судија на мечот, а ќе му помагаат Ѓорѓи Карајанов (Гевгелија) и Илија Гонев (Неготино). Четврти судија е Петар Мантев (Неготино).
За делегат на натпреварот е одреден Цветко Костовски (Скопје), а контролор на судењето е Љубе Ристевски (Демир Хисар).