Марјан Гоцевски ќе го суди мечот Работнички – Победа
Работнички утре (13.30 часот) на арената „Филип Втори“ во Скопје ќе ја пречека Победа, во рамките на 12.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски. Четврти судија е Васко Мавров.
За делегат на натпреварот е одреден Џевдет Далипи од Кичево, а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).