Тасевски: Со максимален приод, доаѓаат и победите
Работнички оствари значаен триумф над Победа (3-1) во 12.коло од Првата фудбалска лига. По ова, нашиот тим се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 17 бода, а тренерот Жикица Тасевски е многу позадоволен од односот кон играта, во споредба со претходниот меч против Силекс во Кратово.
„Работнички е клуб со големо реноме и фудбалерите мора да се однесуваат кон дресот со должно внимание. Имаше критики токму за тој однос на претходниот меч со Силекс во Кратово. Сега фудбалерите покажаа одговорност во играта, залагањето беше максимално и тоа веднаш даде резултат. Очекувам во ист стил да продолжиме и на следниот натпревар против Академија Пандев“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.
В недела, со почеток во 13.30 часот, Работнички ќе гостува во Турново, каде ќе ги одмери силите со тимот на Академија Пандев во рамките на 13.коло од Првата лига.