Јован Качевски ќе го суди мечот Академија Пандев – Работнички
Работнички в недела, со почеток во 13.30 часот, ќе му гостува на тимот на Академија Пандев на стадионот „Кукуш“ во Турново. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на натпреварот е Јован Качевски (Струга), а ќе му помагаат Лазе Чакарески и Разме Бакрачески. Четврти судија на мечот ќе биде Марјан Ецкоски (Охрид).
За делегат на натпреварот е одреден Драган Блажовски (Скопје), а контролор на судењето ќе биде Петре Илиоски (Прилеп).