Васко Мавров ќе го суди првиот четвртфинален меч во Купот против Македонија ЃП
Работнички утре, со почеток во 13 часот, ќе гостува во Ѓорче Петров, и ќе ги одмери силите со Македонија ЃП во првиот четвртфинален меч од Купот. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Васко Мавров (Струмица), а ќе му помагаат Ѓорѓи Карајанов (Гевгелија) и Кире Ангеловски (Струмица). Четврти судија ќе биде Марјан Гоцевски (Струмица).
За делегат на натпреварот е одреден Арбен Борова (Струга), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).