Куп: Македонија ЃП со минимална предност по првиот четвртфинален дуел
Работнички го загуби со 1-0 првиот четвртфинален натпревар од Купот. На гости во Ѓорче Петров, славеше Македонија ЃП и оствари минимална предност пред реваншот кој ќе се одигра на 5 декември на арената „Филип Втори“.
Во еден неизвесен натпревар, стрелец на единствениот гол беше Робсон да Силва во 47.минута. Тантуровски ја погоди рамката од голот на Работнички, а за нашиот состав најизгледни шанси имаа Петковски и Гофри.