Тасевски: Ни треба победа без примен гол против Македонија ЃП
Работнички со пораз (0-2) од Шкупи го заврши есенскиот дел од првенството во Првата лига, но останува утре (13 часот) да се одигра и реванш натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија. По првиот меч во Ѓорче Петров, нашиот тим има негатива од еден гол (0-1) и јасна е пресметката за пласман во полуфиналето.
„Треба да одиграме многу подобро од последниот дуел со Шкупи. Потребна ни е победа без примен гол. Да бидеме дисциплинирани максимално на тактички план, да не му дозволиме на противникот да постигне гол. Се надевам дека ќе одиграме на многу повисоко ниво, и ќе успееме да ја оствариме целта“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.
Главен судија на натпреварот ќе биде Јован Качевски од Струга, а ќе му помагаат Жарко Тодоровски (Струга) и Иса Емурли (с.Шемшово). Четврти судија ќе биде Фатон Мустафи (Тетово).
За делегат на мечот е одреден Марјан Пишмановски (Битола), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).