Баже Илијоски се врати во Работнички
Напаѓачот Баже Илијоски е официјално првото засилување на Работнички во зимскиот преоден рок. Тој се враќа во матичниот клуб и потпиша едногодишен договор со Работнички. Изминатите 12 месеци ги мина во Шкупи, а сега по шести пат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички. Се работи за најдобриот стрелец во историјата на македонскиот прволигашки фудбал, искусен голгетер на кого Работнички му е „домашна“ средина.
34-годишниот Баже Илијоски е стрелец на многу важни голови за Работнички и сигурно ќе претставува големо засилување за тимот на Жиица Тасевски во вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига.