Пораз од Поханг стилерс на вториот тест во Анталија
Работнички го загуби вториот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија. Подобар од тимот на Жикица Тасевски беше јужнокорескиот клуб Поханг стилерс, кој славеше со 2-0. Стрелци на головите за противникот беа бразилскиот интернационалец Лео и јужнокорејскиот репрезентативец Ли Сеок-Хјун.
По триумфот над Сабуртало (2-1), нашиот тим имаше уште еден квалитетен тест. Кореjскиот состав се покажа како подобар ривал во моментот, иако и Работнички имаше свои шанси. Тренерот Жикица Тасевски ја подели минутажата на фудбалерите и на овој меч.