Бојан Ѓоргиевски, нов член на Работнички
Во финишот на зимскиот преоден рок, Работнички успеа да доведе уште едно засилување. Нов член на клубот е десниот бек Бојан Ѓоргиевски. Тој се враќа во македонскиот шампионат, откако во изминатиот период настапуваше во Албанија.
Бојан Ѓоргиевски (27) потпиша едногодишен договор со Работнички. Тој во Македонија има настапувано и за Вардар, Металург, Хоризонт Турново и за Победа. Беше интернационалец во Бате Борисов (Белорусија), Сконто Рига (Летонија), Нефтохимик (Бугарија), Мачва (Србија), Теута, Камза (Албанија).