Пораз од Вардар во градското дерби
Работнички доживеа пораз во градското дерби против Вардар, откако загуби о 0-2 на арената „Филип Втори“. Тоа е трет пооследовен пораз за нашиот тим по кој со 31 бод се наоѓаме на шестата позиција.
Матеј Цветановски во шестата минута донесе водство за Вардар. Тој го искористи проигрувањето од Владица Брдаровски од десната страна, реагираше добро во петерецот и ја затресе мрежата на Ристо Јанков.
Херера се обиде со удар од далечина десет минути подоцна, но Гачевски беше на место.
Во вториот дел, Хуан Фелипе во 55.минута беше стрелец на вториот гол за Вардар. Тој во соло пробив мина низ средината, се одлучи на удар од 20 метри и погоди во долниот лев агол од голот на Јанков.
Чарлс Гофри во 69.минута ја погоди гредата од голот на Вардар со удар од 20 метри, а во продолжение од акцијата можност имаше и Баже Илијоски. Но, не успеа да реализира. Во 80.минута, имше спорна ситуација во шеснаесетникот на Вардар, еден одбранбен фудбалер играше со рака, но судијата Александар Ставрев не се огласи.
Во завршницата Гофри имаше уште еден обид, но без ефект.
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2 (0-1)
Арена „Филип Втори“. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Цветановски 6’, Фелипе 55’ (Вардар). Ж. картони: Херера, Петковски (Работнички), Аврамовски, Попзлатанов, Најдовски (Вардар).
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ѓоргиевски, Борха, Вијачки, Херера, Петровиќ, Пеев (77’ Ацковски), Шаркоски (72’ Фазлиу), Манојан (56’ Гофри), Петковски, Илијоски.
ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски, Новак, Манев, Реис Жуниор, Најдовски, Мицевски, Аврамовски (90’ Реџепи), Фелипе, Лира (85’ Колевски), Цветановски (67’ Попзлатанов).