Триумф (1-2) против Шкупи на Чаир
Работнички оствари важен триумф (1-2) на гости против Шкупи на Чаир, во 27.коло од Првата фудбалска лига. Тоа е прва победа за нашиот тим под раководство на новиот шеф на стручниот штаб Баже Лазаревски.
На самиот старт од мечот се закани Баже Илијоски, но Азизи успеа да одбрани. Потоа на спротивната страна се закани Исени. Во 28.минута Шкупи поведе.
Исени изведе слободен удар, Јанков одбрани, ја одби топката, но таа дојде до Устабаши, кој ја затресе мрежата. До крајот на првиот дел, уште една закана од Илијоски, но Шкупи замина со предност на одмор.
Пресвртот се случи во второто полувреме. Оливер Пеев во 55.минута го израмни резултатот, по одличната акција на нововлезениот Чарлс Гофри, кој доби шанса од почетокот на вториот дел. Само две минути подоцна, противнапад отвори Шаркоски, Гофри го проигра Баже Илијоски, кој го постигна победнички погодок за Работнички.
До крајот, Устабаши имаше можност за Шкупи, а во финишот Чарлс Гофри не реализираше од изгледна позиција за трет гол за Работнички. Сепак, трите бода му припаднаа на нашиот тим.
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-2 (1-0)
Стадион Чаир. Судија: Дејан Јакимовски. Стрелци: Устабаши 28’ (Шкупи), Пеев 55’, Илијоски 57’ (Работнички). Ж. картони: Броја, Серџо јуниор (Шкупи), Петровиќ, Вијачки, Шаркоски (Работнички).
ШКУПИ: Азизи, Ристовски (84’ Мухарем), Билали, Кривањева (65’ Велиу), Исмаиљи, Ндонг, Дакур, Устабаши, Броја, Серџо јуниор, Исени (69’ Бајрами).
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Стојчевски (75’ Симоновски), Вијачки, Херера, Ацковски, Петровиќ, Пеев, Шаркоски, Манојан (46’ Гофри), Петковски, Илијоски (83’ Фазлиу).