Лазаревски: Голем триумф на Чаир, треба да влеземе во победничка серија
Работнички оствари важна победа на Чаир против Шкупи (1-2). Со одлична игра во второто полувреме стигна до пресврт со головите на Оливер Пеев и на Баже Илијоски. По 27. коло, нашиот тим се наоѓа на петтата позиција на табелата со 36 бода, идентично како и четвртопласираната Ренова, на кој и гостуваме во следното коло.
„Ова е важен триумф за нас и големи три бода. Но, не сакаме да сопреме тука и треба да влеземе во победничка серија. Сега не очекува исто така значаен меч против Ренова. Сакам да им честитам на фудбалерите за одличната претстава, не потклекнавме ниту по водечкиот гол на Шкупи. Се вративме посилни во вториот дел и стигнавме до триумф. Овој Работнички има квалитет, потребно беше само да се врати самодовербата кај фудбалерите“, вели шефот на стручниот штаб, Баже Лазаревски.