Илијоски: Со рецептот од Чаир да се обидеме да победиме и против Ренова
Работнички оствари триумф (1-2) против Шкупи во минатото коло и се врати на победнички колосек, а тренерот Баже Лазаревски побара од фудбалерите да се обидат да влезат во серија со позитивен резултат и на следниот меч против Ренова. Се согласува и капитенот Баже Илијоски кој се надева дека со идентичен рецепт нашиот тим може да слави и на гостувањето во Тетово.
„По триумфот на Чаир малку кренавме глави. Но, треба да продолжиме да работиме и да се обидеме да победиме и против Ренова во Тетово. Ние и понатаму ќе дадеме се од себе за да обезбедиме пласман во Лигата на Европа следната сезона. Имавме негативен период, но верувам дека сето тоа е зад нас и дека сега ќе продолжиме во позитивна насока“, вели Баже Илијоски.
Работнички вo 28.коло ќе ги одмери силите со Ренова, која има идентични 36 бода како и нашиот тим и се наоѓа на четвртата позиција на табелата.