Марјан Маркоски ќе го суди мечот Ренова – Работнички
Работнички в недела ќе гостува во Тетово и ќе ги одмери силите против Ренова во 28.коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Тетово, со почеток во 16 часот. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот ќе биде Марјан Маркоски (Охрид), а ќе му помагаат Куштрим Лика (Кичево) и Зоран Јанкуловски (Кичево). Четврти судија ќе биде Јосип Бартон (Скопје).
За делегат на натпреварот е одреден Гоце Цветановски (Демир Хисар).