Димитар Мечкаровски ќе го суди мечот Силекс – Работнички
Работнички утре ќе гостува во Кратово и во 29.коло од Првата фудбалска лига ќе ги одмери силите со Силекс. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на мечот ќе биде Димитар Мечкаровски, а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петревски. Четврти судија е Никола Божиновски, а судии зад голот Константин Влахо и Никола Костенчев (сите од Скопје).
За делегат на натпреварот е одреден Зоран Михајловски (Скопје), а контролор на судењето ќе биде Мијалчо Михаилов (Лозово).