Димитровски: Сакаме победничката низа да продолжи и во Кратово
По двата триумфи во низа на гости, против Шкупи на Чаир, и против Ренова во Тетово, Работнички го очекува трето последовно гостување. Утре составот на Баже Лазаревски гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс. Атмосферата е сега далеку подобра, а мотивите се победнички. Сите сакаат да има хепиенд и во Кратово.
Дефанзивецот Владимир Димитровски верува дека нашиот тим може да оствари нов успех и на утрешниот натпревар (16 часот) од 29.коло.
„Атмосферата е многу подобра, сите сакаме победничката низа да продолжи и во Кратово. По добрите настапи против Шкупи и против Ренова, го знаеме рецептот за успех. Ќе се потрудиме да го повториме и во Кратово. Нема да биде лесно, Силекс е квалитетен тим, а потребни му се бодови затоа што се наоѓа во опасната зона на табелата. Но, и ние сакаме три бода и се надеваме дека можеме да оствариме излез на европска сцена“, вели Владимир Димитривски.
Мечот меѓу Силекс и Работнички ќе се одигра утре, со почеток во 16 часот во Кратово, а ќе го суди Димитар Мечкаровски.