Зоранчо Темелков ќе го суди мечот Академија Пандев – Работнички
Работнички утре гостува во Струмица и на стадионот „Младост“ ќе ги одмери силите со тимот на Академија Пандев. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Зоранчо Темелков (Кавадарци), а ќе му помагаат Ѓорѓи Карајанов (Гевгелија) и Илија Гонев (Неготино). Четврти судија ќе биде Мартин Петковски (Куманово), а судии зад голот се Петар Мантев (Неготино) и Ндерим Тефику (Куманово).
За делегат на натпреварот е одреден Васко Бошевски (Битола), а контролор на судењето ќе биде Петре Илиоски (Прилеп).
Натпреварот меѓу Академија Пандев ќе се одигра утре, со почеток во 16 часот.