Пораз (3-1) од Академија Пандев во Струмица
Работнички загуби од Академија Пандев во Струмица со 3-1 во 31.коло од Првата фудбалска лига. По ова, Работнички се наоѓа на шестата позиција на табелата со 39 бода.
Академија Пандев го отвори мечот офанзивно, се заканија Дориев, Велинов и Димов, но голманот Ристо Јанков одлично интервенираше. Сепак, домаќинот поведе во 33.минута.
Сашко Пандев ја искористи голема грешка во одбраната на Работнички, недоволно прецизното додавање, ја украде топката и во 33.минута го отвори резултатот со удар од 14 метри.
Во второто полувреме, Љупчо Дориев се избори за пенал во 63.минута. Самиот го реализираше ударот од белата точка и зголеми на 2-0.
Работнички не се предаде лесно. Оливер Пеев намали на 2-1 во 76.минута, откако по корнерот од левата страна од вртење шутираше прецизно во мрежата на домаќинот.
Во самиот финиш, Кристијан Стојковски постигна трет погодок за Академија Пандев и го постави конелниот епилог на овој меч.
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 3-1 (1-0)
Стадион „Младост“ во Струмица. Судија: Зоранчо Темелков (Кавадарци). Стрелци: С. Пандев 33’, Дориев 63’, Стојковски 90’ (Академија Пандев), Пеев 76’ (Работнички). Ж. картони: Пандев, Темелков, Стојков (Академија Пандев), Манојан, Херера, Ѓоргиевски, Вијачки (Работнички).
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Чубраковиќ, Илиев, Костов (59’ Шиков), Димов, Атанаскоски, Темелков, Стоилов (28’ Стојкоски), С. Пандев, Велинов, Миловановиќ, Дориев (67’ Стојков).
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ѓоргиевски (67’ Петковски), Вијачки, Димитровски, Херера, Петровиќ, Пеев, Манојан, Шаркоски, Блажевски, Гофри.