Марјан Гоцевски ќе го суди мечот Работнички – Шкендија
Работнички во 32.коло го пречекува тимот на Шкендија на домашен терен. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Никола Караколев (Штип) и Кире Ангеловски (Струмица). Четврти судија е Васко Мавров (Струмица).
За делегат на натпреварот е одреден Тони Донев (Валандово), а контролор на судењето ќе биде Љупчо Мојсоски (Струга).
Мечот меѓу Работнички и Шкендија ќе се одигра утре, со почеток во 16 часот, на арената „Тоше Проески“ во Скопје.