Дејан Јакимовски ќе го суди мечот Вардар – Работнички
Работнички во 33.коло кое е на програмата утре (16.30 часот) ќе му гостува на Вардар на стадионот „Борис Трајковски“. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Дејан Јакимовски, а ќе му помагаат Даниел Василески и Бојан Иваноски. Четврти судија е Константин Влахо (сите од Скопје).
За делегат на натпреварот е одреден Марјан Пишмановски (Битола), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).