Лазаревски: Заборавивме да победуваме дома, време е…
Работнички во 34.коло од Првата фудбалска лига на домашен терен ќе го пречека составот на Македонија ЃП. По четири порази и едно реми, тренерот Баже Лазаревски верува дека тимот конечно ќе триумфира.
„Дојдовме во опасната зона. Едноставно мора да победиме. Заборавивме да победуваме на домашен терен, време е…Македонија ЃП е квалитетен тим, бодовите исто така им се потребни, но ние сме во ситуација кога немаме друг избор. Само триумф е опција и фудбалерите тоа навистина добро го разбираат. Мораме да реагираме соодветно“, вели шефот на стручниот штаб, Баже Лазаревски.
Натпреварот меѓу Работнички и Македонија ЃП ќе се одигра в недела, со почеток во 16.30 часот, а ќе го суди Александар Ставрев. Ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија е Игор Стојчевски.
За делегат на натпреварот е одреден Ангел Ташев (Неготино), а контролор на судењето ќе биде Мијалчо Михаилов (Лозово).