Важен триумф (2-0) против Македонија ЃП
Работнички оствари важен триумф (2-0) против Македонија ЃП во 34.коло од Првата фудбалска лига. Нашиот тим ја прекина непријатната низа и конечно стигна до голема победа која го носи подалеку од опасната зона, но и блиску до четвртото место на табелата кое можеби ќе донесе и европски излез. Со 43 бода, Работнички во моментот се наоѓа на шестата позиција на табелата.
Работнички офанзивно го стартуваше мечот, се закани Блажевски, а водството дојде во десеттата минута. Блажевски изведе слободен удар, нафрли во петерецот, а Да Силва во обид да расчисти си постигна автогол.
По водството, тимот на Баже Лазаревски ја имаше контролата, Баже Илијоски имаше убава можност за удвојување на резултатот, но не успеа, а на спротивната страна се закани Робсон да Силва.
Во 31.минута, по една одлична акција на Работнички, Кристијан Ацковски зголеми на 2-0. До крајот на првото полувреме, Блажевски се закани уште еднаш, а предноста беше доволна за рутински втор дел и значајни три бода.
Во следното коло, Работнички ќе гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Беласица.
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0 (2-0)
Арена Тоше Проески. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Да Силва а.г. 10’, Ацковски 31“ (Работнички). Ж. картони: Пеев, Илијоски (Работнички), Стјепановиќ (Македонија ЃП).
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Стојчевски, Борха, Херера, Петровиќ, Пеев, Шаркоски, Ацковски, Петковски (83’ Гофри), Блажевски (87’ Ѓоргиевски), Илијоски (90’ Манојан).
МАКЕДОНИЈА ЃП: Јовановски, Да Силва, Нето, Билали (56’ Кировски), Карваљо, Пецов, Стјепановиќ, Божиновски, Робсон да Силва, Тантуровски, Лукас.