Кадетите на Работнички го освоија Купот на Македонија
Кадетскиот тим на Работнички е победник во Купот на Македонија. Младите „романтичари“ во финалето што се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ убедливо ја совладаа Шкендија со 4-0 (2-0).
Работнички во текот на целиот натревар ја имаше контролата на играта и резултатот. Победата можеше да биде изразена и со поголема разлика доколку тимот на Марјанчо Андревски во завршницата од првото полувреме беше поконцентрирана во искористувањето на шансите пред гостинскиот гол.
Прекрасен погодок даде Тошевски во 19. минута, кога „измести“ неколку противнички фудбалери и биеше прецизно во горниот агол за 1-0. На полувреме, Работнички ја удвои предноста по грешката на голманот на Шкендија, а најснаодлив беше Димитар Тодоров.
Во второто полувреме фудбалерите на Работнички со погодоците на Мелов и на Масевски само ја потврдија доминацијата во финалниот натпревар и сосема заслужено стигнаа до пехарот.
ФК РАБОТНИЧКИ – ФК ШКЕНДИЈА 4-0 (2-0)
Тренинг центар „Петар Милошевски“. (1:0 Давид Тошевски во 19` – 2:0 Димитар Тодоров во 34` – 3:0 Николај Мелов 54` – 4:0 Дамјан Масевски 78`;)
Судии: Влатко Илиоски (Прилеп), Мартин Петковски (Куманово), Кире Нистров (Струмица)
ФК РАБОТНИЧКИ: Кирил Петрески (Александар Цветанов 86`), Кристијан Чурлинов, Христијан Стојановски (Матрин Стојчов 77`), Марко Андоновски, Давид Спасовски (Давор Јовановски 86`), Леонид Радев Јанкуловски (Рилинд Ајдини 68`), Дарко Костовски, Никола Андрески (Дамјан Масевски 72`), Димитар Тодоровски, Давид Тошевски (Трим Амбари 83`), Николај Мелов (Димитар Бојаџиевски 86`); Тренер: Марјанчо Андрески
ФК ШКЕНДИЈА: Астрит Амзаи, Андриан Бекири, Члирим Имери (Аган Зубер 46`), Имран Фетаи, Ерјон Нурадини, Абдулвахит Ајдини, Куштрим Таири, Рамин Алии (Мирлинд Даути 46`), Рони Синани, Ганц Гаши (Фитон Адеми 77`), Ардит Демири; Тренер: Бурхан Емурлаи;